Трајковски стартер и стрелец за Хајдук (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, попладнево постигна гол, негов втор во дресот на сплитски Хајдук. Трајковски по подолго време беше стартер, а играше до 64-та минута.

За несреќа на Трајковски, голот не му донесе победа на неговиот тим напротив, на празниот „Пољуд“ (Хајдук е казнет да игра без публика), Осиек победи со 2-1.

Хајдук е во слободен пад, има серија од четири порази по ред во хрватската лига, и острана закован на третата позиција.

Голот на Трајковски погледнете го ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести