„Тракторот“ Крос со само еден збор му реплицираше на Шустер

Тони Крос со само еден збор му реплицираше на Бернд Шустер, по критиката на германскиот тренер и некогашен славен фудбалер, дека Крос против Барселона играл како „трактор на дизел“ и дека ниту против Жирона не може да доминира во средниот ред. Оваа критика не го заболе Крос, но тој реши кратко и јасно да одговори на оваа критика.

„Кој?“ – напиша Крис на „Твитер“, покрај веста дека Шустер за него кажа дека наместо како Ауди, игра како трактор кој вози на дизел гориво.

Со ова, Крос иронично прашува кој е тој Шустер. Се разбира дека Крос знае добро кој е Шустер, некогашниот играч и тренер на Реал Мадрид, но после критиките, одлучи „да го помножи со нула“.

Утревечер, Реал на свој терен повторно има соочување со Барса, овојпат во првенството и тоа е шанса за поправен за Крос и тој ќе биде мотивиран да одигра подобро и да покаже дека не заслужи толку жестоки критики на негова адреса. Или можеби ќе се потврди дека Шустер е во право?

- Оглас -

Најнови вести