Трансфер на кариерата: Од Каменица Саса во Борусија Дортмунд! (фото)

Марјана Нацева го направи трансферот на кариерата потпишувајќи договор со женскиот тим на Борусија Дортмунд. Досегашната фудбалерка на Каменица Саса стана првата Македонка во историјата која отсега ќе ги брани боите на популарните Милионери.

На свои 28 години, Нацева прифати огромен предизвик откако се засити од успеси во домашното првенство. Марјана е седумкратен шампион во македонскиот женски фудбал, а при потписот на договорот со Дортмунд истакна дека ова е само почеток на една нова авантура.

- Оглас -

Најнови вести