Трансферот на Тео Ернандес пропадна и тоа само за пет милиони евра

Трансферот на Тео Ернандес од Милан во Атлетико Мадрид и дефинитивно нема да се случи, откако клубовите не успеаја да се договорат и тоа за само пет милиони евра. Милан сакаше да добие 25 милиони евра, додека Атлетико Мадрид нудеше 20 милиони евра, што се чини беше преголема разлика и за двете екипи.

Претходно беше објавено дека фудбалерот веќе ги договорил личните услови, но сега се чини дека нема да биде ништо од овој трансфер. Можеби причината лежи и во интересот на Ал-Хилал, па во Милан сметаат дека може да добијат повеќе пари од екипата која за нов тренер го назначи Симоне Инѕаги.

- Оглас -

Најнови вести