22.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Трансродните атлетичарки нема да можат да се натпреваруваат во женска конкуренција

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) денеска донесе одлука да им се забрани настап на трансродните атлетичарки да се натпреваруваат во женска конкуренција на меѓународните натпреварувања.

Претседателот на ИААФ, сер Себастијан Коу, изјави дека од 31 март на ниту една трансродна атлетичарка која поминала „машки пубертет“ нема да ѝ биде дозволено да се натпреварува на меѓународни настани.

„Не велиме не засекогаш“, додаде Коу.

Тој најави дека ќе биде формирана работна група која ќе бара начин како и да им се овозможи на трансродните атлетичарки да можат да настапуваат на меѓународни натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести