Треба да биде среќен што остана жив: Голманот на Ајакс доживеа страшна сообраќајна несреќа (ФОТО)

Андре Онана, кој брани за Ајакс доживеа сообраќајна несреќа во својата татковина, Камерун.

Тој, за време на репрезентативната пауза се врати во својата земја, каде што во петок требаше да одигра меч против Алжир во квалификациите за СП.

Сепак, Онана треба да биде среќен што остана жив бидејќи денеска со своето возило се удри во друга кола. За среќа, тој поминал без поголеми повреди, а ако се гледаат сликите, јасно ќе биде дека тој имал голема среќа.

Онана наводно од наредното лето треба да биде дел од Интер, со кого потпишал петгодишен договор.

Погледнете ја фотографијата подолу, навистина е чудо како останал без посериозни повреди.

 

- Оглас -

Најнови вести