Треба да се радуваме што имаме ваков играч во репрезентација

Македонскиот репрезентативец и капитен на загрепски Динамо, Аријан Адеми, е еден од јунаците во ремито против Шахтар на гостувањето во Лигата на шампионите. Иако одеше не терапии и прими инјекција против болки, тој реши да стисне заби и со своето лидерство, придонесе „модрите“ да освојат бод со кој се во добра позиција за место во осминафиналето.

Адеми се повреди на 10 октомври, на мечот Македонија – Словенија. Снимките на отечениот глужд на ногата покажаа дека има истегнување на лигаментите. Болките му беа големи, двапати дневно одеше на терапија, а таму остануваше и по седум часа. Не тренираше со денови, но во неделата се појави на тренинг, сакаше по секоја цена да настапи на дуелот во Украина.

Блокадата која ја прими, имаше ефект од повеќе од еден час, тој на терен издржа 68 минути, по што мораше да биде повлечен. Но, секоја чест што воопшто играше, „газеше“ како мотор и ја оправда улогата на лидер на Динамо.

- Оглас -

Најнови вести