Тренер на израелскиот фудбалски тим Хапоел Тел Авив е убиен во терористички напад во Александрија, Египет, објави тимот на социјалните мрежи.
Тренерот Алон Шемали (34) е убиен кога во автобус во кој се наоѓале израелски туристи во Александрија, египетски полицаец почнал да пука во него.
„Голема болка, еден од тренерите на младинските екипи, Алон Шемали, утринава е убиен во напад во Египет“, напиша, меѓу другото, клубот на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/CyJhaKzr7f2/?utm_source=ig_web_copy_link
Според израелските медиуми, најмалку три лица се убиени, и тоа во моменти кога Израел се наоѓа во воена состојба поради нападот од страна на терористичката организација Хамас.
Единиците на Хамас ги нападнаа териториите под контрола во Израел.
Претходно, во терористички напад изведен на југот на Израел од страна на единиците на Хамас беше убиен поранешниот фудбалер Лиор Асулин, и тоа додека го прославувал својот 43-ти роденден.