Тренерот и раководството на Милан влегоа во конфликт, а причината е Баерн Минхен

Раководството на Милан и нивниот тренер, Стефано Пиоли, влегоа во конфликт поради можниот трансфер на дефанзивецот Пјер Калула во Баерн Минехн.

„Баварците“ официјално испратиле понуда за фудбалерот во висина од 30 милиони евра, со оглед на тоа дека тој има договор до 2027 година. Оваа понуда е прифатлива за раководството на Милан, но тренерот Пиоли не сака да го пушти фудбалерот бидејќи смета дека тој е потребен на екипата.

Раководството на Милан е на ставот дека никој не е незаменлив и сака да го продаде младиот Французин на Баерн Минехн.

Преодниот рок трае до први септември и дотогаш треба да биде познато кој ќе „победи“ во оваа битка, Пиоли или раководството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести