Тренерот кој нокаутираше противнички фудбалер заработи отказ

Трнерот на Лече на вчерашниот натпревар против Верона во Серија А, со удар со глава го нокаутираше противничкиот фудбалер Томас Анри. Целета фудбалска јавност во Италија беше згрозена од постапката на Д’Аверса, а денес се огласија и од неговиот клуб.

Во кратко соопштение на Лече се вели дека му дале отказ на Роберто Д’Аверсо и тој нема повеќе да работи со екипата.

Д’Аверса дополнително ќе заработи казна, со оглед на тоа дека допрва треба да одлучува и дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија.

- Оглас -

Најнови вести