Борац од Бања Лука по елиминацијата од Санта Колома од Андора на почетокот од квалификациите за Конференциската лига, се раздели со тренерот Милан Жижовиќ.
Борац доживеа понижување на домашен терен на првиот меч, губејќи со 1-4, а вчера 25 минути имаа играч повеќе, но победија само со 2-0, што не беше доволно за да се помине во втората рунда.
Веднаш по враќањето од Андора, тренерот Жижовиќ поднесе оставка.
Интересно е што сето ова се случува само два месеци откако Жижовиќ потпиша нов договор за уште една година. Член на Борац е македонскиот голман Дамјан Шишковски кој бранеше само на реваншот.