Тренерот на Димитриевски е оригинален: Ако сакате како во маало да играме женети против ергени, да почнеме веднаш

Ковид-19 не е шега и не смееме да избрзаме со камбекот на фудбалските терени, вели тренерот на Рајо Валјекано, Пако Хемес.

Шефот на стручниот штаб на клубот за кој брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски на оригинален начин објаснува дека сепак треба да мине одреден период за повторно да се игра фудбал во Шпанија.

„На играчите им требаат најмалку три недели нормален тренинг за да бидат подготвени за настап. Ковид-19 не е играчка и секој не може да си дозволи во вакви услови да тренира нормално. Ако дојдете дома кај мене, ќе се уверите дека јас немам услови да бидам во нормален тренажен процес. Исто е и за голем дел од играчите. Треба да бидеме професионални и одговорни. Ако ви е за фудбал колку да се игра, тогаш можеме, на пример, да се поделиме на ергени и женети, па веднаш да почнеме како во маало. Да не ни се случи да бидеме неподготвени, па потоа да трпиме уште поголеми последици“, вели Хемес.

Според проекциите, двете најквалитетни шпански лиги Ла Лига и Сегунда би продолжиле најрано во јуни, а финишот би бил во август.

Во Првата лига треба да се доиграат 11 кола, што би значело дека е можно да има натпревари на секои 72 часа, а иста е ситуацијата и во Сегунда, каде што за спуштање на завесата на 2019/20 треба да се доиграат уште 11 рунди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести