Тренерот на Динамо среќен што веќе го нема правилото кое важеше 55 години

Тренерот на Динамо, Анте Чачиќ, се најде под притисок кај хрватската јавност откако хрватскиот тим одигра само 2:2 против Шкупи во Загреб, во првиот меч од второто коло во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Ретко кој веруваше дека Шкупи ќе остане непоразен на „Максимир“, а малку кој веруваше дека може да постигне и два гола. За Шкупи да даде два гола на „Максимир“ квотата во Sport Life беше „луда“, а оние кои веруваа, сигурно сега добро заработиле.

Веднаш по мечот, Чачиќ потенцираше дека во корист на Динамо е тоа што УЕФА од минатата година го поништи правилото кое се применуваше 55 години, а тоа е голот постигнат на гости да се смета како предност. Доколку тоа правило важеше и сега, на Шкупи во Скопје ќе му одговараше и реми од 0:0 или 1:1 за да оди понатаму, а сега едноставно мора да брка победа во регуларниот дел или ако е нерешено ќе се играат дополнителни 30 минути, па може да има и пенали.

„Не можеме да бидеме задоволни од резултатот, но мислам дека имаме квалитет и дека Динамо ќе победи во Скопје. Добро е тоа што веќе головите дадени на гости не се сметаат за предност“, коментираше Чачиќ, кој имаше и подолга анализа за средбата на „Максимир“.

- Оглас -

Најнови вести