Чачиќ: Примивме два евтини гола, Македонците се покажаа како цврст ривал

Тренерот на Динамо, Анте Чачиќ, имаше пофални зборови од играта на Шкупи, а вели дека е задоволен од тоа како Динамо одигра само во второто полувреме. Предводникот на хрватскиот тим вели дека грешките кои сега ги направија неговите играчи, никако не смеат да се повторат во реваншот.

„Задоволен сум од второто полувреме, кога успеавме да го притиснеме противникот. Тоа е фудбалот, примивме два евтини гола. Македонците се покажаа како цврста екипа. Јаки се во дуел-играта, брзи се, опасни по крилните позиции. Се надевавме дека ќе им ги нападнеме бековите, но таму имаа опасни играчи. Во реваншот не смеат да се повторат овие грешки затоа што се многу скапи“, рече Чачиќ на прес-конференцијата по ремито 2:2 на Динамо против Шкупи на „Максимир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести