Карабах како фаворит пристигна во Скопје, на првиот меч против Шкендија од третото квалификациско коло за Лигата на шамионите. Во редовите на азербејџанскиот шампион се претпазливи во пресрет на двомечот со Шкендија и велат дека мора да го дадат максимумот ако сакаат пласман во следната рунда.
„Ќе играме многу важен натпревар. Противникот нè пречекува на домашен терен по двете победи над ФЦСБ. Ќе играме против тим со голема желба. Можам да кажам дека Карабах е целосно подготвен. На утрешниот натпревар мора да го покажеме нашиот карактер до крај. Ова е многу важно, бидејќи Шкендија е многу силен тим. Ќе се обидеме да победиме со добра игра. Ги гледав двата натпревари на Шкендија со ФЦСБ, но според мене, нема смисла да се истакнуваат силните и слабите страни на противникот, бидејќи секој тим ги има. Само треба да ја градиме нашата игра, а не да му дозволиме на противникот да ги покаже своите. Против Шкендија мора да бидеме внимателни во текот на сите 90 минути.“ – вели тренерот на Карабах, Гурбан Гурбанов.