Тренерот на Кливленд е избран за најдобар оваа сезона во НБА-лигата

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон, е прогласен за најдобар тренер на сезоната во НБА добивајќи ја престижната награда „Ред Оербах“ за првпат во својата кариера. Ова е негова прва сезона на чело на Кавалирс, а вкупно петта како тренер во НБА.

Аткинсон ја освои наградата со вкупно 401 поен, оставајќи ги зад себе Џеј Би Бикерстаф од Детроит со 305 поени и Име Удока од Хјустон со 113 поени.

Неговиот Кливленд имаше фантастична сезона, започнувајќи со 15 победи по ред, една од трите вакви серии со најмалку 12 последовни победи. Особено се истакна периодот од 5 февруари до 14 март, кога тимот оствари 16 победи по ред – нов клупски рекорд.


Кливленд кавалирс ја завршија регуларната сезона со 64 победи и 18 порази, што беше најдобар резултат во Источната конференција и втор најдобар во историјата на франшизата.

Со ова признание Аткинсон стана само трет тренер на Кливленд кој ја има добиено оваа награда, по легендарните Били Фич (1975/76) и Мајк Браун (2008/09).

- Оглас -

Најнови вести