Тренерот на Коло-Коло се фаќаше за меѓуножјето, па си доби (не)заслужена казна (Видео)

Тренерот на Коло-Коло, Боливиецот роден во Аргентина, Густаво Квинтерос, се најде во центарот на вниманието на чилеанската фудбалска јавност, откако на дуелот помеѓу Коло-Коло и Антофагаста, на фудбалерите на ривалот им го покажуваше меѓуножјето. Квинтерос за неспортскиот однос доби црвен картон, а дисциплинската комисија го казни со „само“ три натпревари забрана за вршење на должноста, што не е максимална казна за вакво нешто.

Темпераментниот Квинтерос за малку ќе предизвикаше општа тепачка на теренот, противниците тргнаа да се пресметаат со него, а тој се правеше „наудрен“, иако на снимката се гледа дека гестикулираше кон противниците, притоа и вербално ги навредуваше.

- Оглас -

Најнови вести