Тренерот на Рома е лут: Како може едни мечеви да се играат пред празни трибини, а други да се одложуваат

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека е разочаран од одлуката на челниците на италијанската федерација да одложи само дел од мечевите во Серија А, а некои ќе мора да играат викендов. Поради страв од Коронавирусот одложено е големото дерби меѓу Јувентус – Интер и уште четири други мечеви. Останатите пет средби ќе се играат во предвидените термини и тоа пред празни трибини.

„Верувам во челниците кои одлучуваат за овие работи, но ако мислат од спортски аспект, доколку еден меч е одложен поради таа причина, тогаш треба да се одложи и цело коло. Не е фер едни мечеви да се играат пред празни трибини, а други да бидат одложени“, вели Фонсека.

Рома ќе мора да го игра својот меч на гости кај Калјари, а терминот е недела од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести