Тренерот на Селта Виго има амбиција да стане селектор на Англија

Шпанскиот фудбалски стручњак Рафаел Бенитес, изјави дека сака да го замени Герет Саутгејт како селектор на репрезентацијата на Англија.

Бившиот менаџер на Ливерпул, Њукасл и Челзи, тврди дека има „многу добри односи“ со дел од стручниот штаб на Саутгејт.

Бенитес кој во моментов го води шпанскиот прволигаш Селта Виго, искажа амбиции да го наследи Саутгејт после Европското првенство 2024. Договорот на Саутгејт истекува во декември и не се знае дали ќе добие нов договор, веројатно тоа ќе се знае после ЕП.

„Ова е опасно прашање, Англија си има селектор кој добро си ја врши работата. Имам пријатели во штабот на Саутгејт, во многу добри односи сум. Би сакал во иднина да водам национален тим кој е способен да се бори за трофеи. Сакам да добијам шанса да бидам на Светско или Европско првенство“, рече Бенитес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести