Тренерот на Сосиедад полуде од среќа: Го облече дресот и гласно ја пееше клупската химна (видео)

Со погодокот од пенал на Ојарзабал, Реал Сосиедад вчера го совлада баскискиот ривал Атлетик Билбао во финалето од шпанскиот Куп за трета куп-титула во клупската историја.

По повеќе од 33 години Сосиедад дочека да го освои кралскиот Куп, а колку му значеше победата на клубот од Сан Себастијан, покажа тренерот Иманол Агуасил. Пред крајот на прес-конференцијата по мечот, Агуасил го облече дресот на Сосиедад, го крена навивачкиот шал и гласно ја пееше клупската химна.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1378483229712334848

- Оглас -

Најнови вести