Реал Сосиедад го освои Купот, Муниаин пред мечот „фрли проклетство“ врз Атлетик Билбао (Видео)

Реал Сосиедад е освојуваш на Купот на Шпанија за сезоната 2019/20, откако во големото финале, минимално со 1:0 го победи големиот ривал Атлетик Билбао. Овој меч требаше да се игра пред повеќе од една година, но поради стартот на пандемијата со Коронавирусот, дуелот не се одигра во предвидениот термин.

Една година подоцна, двата баскиски ривали излегоа на мегдан во трка за трофејот, а на крајот Сосиедад се радуваше. Клучниот момент на финалето се случи во 63 минута кога беше досуден пенал за Сосиедад, а одговорноста ја превзема Микел Ојарзабал и успеа да погоди. Тој погодок беше доволен за Сисиедад да се радува на трофејот.

Според многумина, кобниот момент за Атлетик Билбао се случи пред мечот кога капитенот Икер Муниаин излезе на теренот и го допре пехарот. Непишано правило е играчите да не го допираат трофејот пред да заврши средбата, а според многумина таквиот потег носи лоша среќа. Овојпат дали е лошата среќа или неможноста да реализираат барем една шанса, но Атлетик Билбао остана без пехарот.

За Сосиедад ова е прв голем трофеј по пауза од повеќе од 30 години. Овој баскиски клуб само по трет пат стигнува до пехарот во Купот на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести