Спарта Прага вчера триумфира со 2-0 во реваншот против Рапид Виена, надополнувајќи негатива од 2-1 од првиот меч за пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Колку победата е значајна за чешкиот вицепрвак, покажа тренерот Павел Врба, кој по крајот на мечот тргна да слави со навивачите, а тоа го стори на акробатски начин од преголема доза на среќа.