Навредата која Џанлука Престијани наводно му ја рекол на Винисиус тешко ќе се докаже, бидејќи во моментот кога му рекол „мајмун“ на Бразилецот, устата ја имаше покриено со дресот, за да не го фатат камерите и да се чита од уста како го кажува ова кое се смета за груба форма на расизам.
Инцидентот во Лисабон го засени мајсторскиот гол на Винисиус. Откако погоди, Вини славеше со танцување кај корнер знаменцето и кон него публиката почна да фрла предмети, а се создаде голема нервоза и кај играчите што кулминираше со навредата.
Трент Александер Арнолд рече дека ова што се случило е грозно, срам за фудбалот, и дека се надева оти правдата ќе биде задоволена.
Вејн Руни коментираше дека е катастрофа што фудбалер кој дал гол, не може да прослави без да биде гаѓан со предмети. Тој прославата на Винисиус кај корнер знамето ја спореди со една позната прослава од СП во 1994 и дека е погрешно што тоа предизвикало фрлање шишиња кон Бразилецот.

