10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Трент се врати во Ливерпул и веднаш му оддаде почит на Диого Жота

Трент Александер-Арнолд го напушти Ливерпул кон крајот на мај во трансфер вреден 10 милиони евра и се пресели во Реал Мадрид за да може да настапува на Светското клупско првенство.

Само еден месец подоцна, во јули, неговиот поранешен соиграч и голем пријател, Диого Жота, загина во сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат, па Трент не беше во можност да присуствува на комеморацијата во Ливерпул.

Сега, по пет месеци, повторно се враќа во Ливерпул, но како фудбалер на Реал Мадрид и ќе игра на мечот против Црвените од Лигата на шампионите. Патувањето во Ливерпул го искористи веднаш да го посети местото на комеморацијата, донесе венец и остави порака за трагично загинатиот Жота.

- Оглас -

Најнови вести