Трета опција за Дурант, да игра со актуелниот МВП на НБА-лигата?

Кевин Дурант ја здрма НБА-лигата по одлуката да го напушти тимот на Бруклин нетс. Веднаш се покренаа шпекулации околу тоа каде би можело да заврши двократниот шампион на НБА.

Портланд и Феникс делуваат како најзагреани да го добијат еден од најдобрите шутери на сите времиња, а сега се појави трета опција, која делува застрашувачки.

Имено, Денвер бара начин како да ослободи средства и да го доведе Дурант формирајќи опасно дуо со актуелниот МВП на лигата, Никола Јокиќ.

Нагетси пред неколку дена урнаа рекорд со новиот договор на популарниот Џокер, кој стана најплатен играч во историјата со договор од 264 милиони долари. Поради тоа, клубот ќе мора да го исчисти ростерот пред да тргне по потписот на Дурант.

Доколку Денвер успее да го убеди Дурант и да го потпише, нема сомнежи дека оваа екипа ќе биде директен конкурент и прв фаворит за тронот на НБА.

- Оглас -

Најнови вести