Трето реми без голови по ред на меѓусебните дуели меѓу Брегалница и Шкендија

Брегалница и Шкендија во еден од најинтересните натпревари во 21-то коло во Првата фудбалска лига, ремизираа играјќи без голови.

Ова е трет натпревар по ред на овие две екипи кои завршува без голови во Првата фудбалска лига. Серијата почна во април минатата година токму во Штип, а и во есенскиот дел и во Тетово одиграа без голови.

Со поделбата на бодовите, и Брегалница и Шкендија останаа на позициите на табелата кои ги држеа и пред ова кола. Шкендија е трета со 32 освоени бода, додека Брегалница е шеста со 26 бодови.

Ремито на Штип го искористи Силекс кој со победата од 4:1 над Победа, се израмни со Шкендија по бројот на освоени бодови.

Македонија Ѓорче Петров со 3:0 го совлада Тиквеш, а победата ја најави уште во втората минута благодарение на голот на Арби Воша. Лавовите работата ја завршија во второто полувреме кога постигнаа уште два гола, пвиот преку капитенот Филип Мишевски од пенал, а конечниот резултат го постави Емир Скендери во 89-та минута .

Резултати 21 коло:
Брегалница – Шкендија 0:0, Македонија ЃП – Тиквеш 3:0, Победа – Силекс 1:4, Работнички – Скопје 4:0, Шкупи – Академија Пандев 3:3.

Табела: Струга ТЛ 39, Шкупи 38, Шкендија 32, Силекс 32, Тиквеш 28, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Работнички 24, А. Пандев 16, Победа 13, Скопје 13.

- Оглас -

Најнови вести