Третолигашот Бирмингам купи играч за 15 милиони евра!

На последниот ден од трансфер пазарот, во Англија се случи еден трансфер кој привлече големо внимание.

Младиот напаѓач Џеј Стенсфилд од Фулам се пресели во Бирмингам сити, потпиша седумгодишен договор. Овој перспективен англиски напаѓач одигра само четири натпревари во Премиер лигата, а неговиот трансфер е интересен затоа што Сините од Бирмингам се третолигаши, играат во Лига 1 и ги соборија сите рекорди за најскап трансфер на еден третолигашки клуб!

Бирмингам во преодниот рок ги направи трите најскапи засилувања во историјата на Лига 1: споменатиот Џеј Стенсфилд за 15 милиони евра; Кристоф Кларер со цена од 4,1 милиони евра и Вилум Тор Вилумсон, за 4 милиони евра. После вакви инвестиции, треба да се вратат во Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести