Десниот бек Киеран Трипие е нов член на Њукасл, и тој е првото засилување за клубот во „новата ера“ откако сопственици станаа супер богати Саудијци кои планираат да потрошат многу пари за засилувања.
Англискиот репрезентативец кој доаѓа од Атлетико Мадрид, е прво од повеќето најавени засилување во играчкиот кадар на Чавките. Договорот со Њукасл му е на две и пол години.
Тренер во Њукасл ќе му биде Еди Хаув, кој го тренираше Трипие и пред десет години во Барнли.
https://twitter.com/i/status/1479361955295027200