Тргна да шутира пенал, па почна да трча наназад, сите на теренот беа збунети (Видео)

Дуелот од втората аргентинска лига меѓу Ривадавија и Депортиво Маипу го одбележаа два необични моменти. Домаќините победија со 2:1, а напаѓачот Алекс Арце беше стрелец на погодок од пенал во 84 минута кога зголеми на 2:0.

Пред да го постигне голот од белата точка, фудбалерот доби жолт картон и тоа поради задржување на време додека го шутираше пеналот. Напаѓачот на домаќините кога зема залет почна да трча напред, па да се враќа назад, по што реагираше судијата и му даде жолт картон.

https://twitter.com/i/status/1665146501406793728

До крајот на дуелот, гостите погодија за 2:1, но немаа сили да се спасат од пораз. Судијата покажа седум минути продолжение, а во шестата минута од надополнувањето, домашните навивачи направија фешта и пуштија огномет од сите страни на трибините. Во тој момент, арбитарот реши дека е време да означи крај на дуелот и тоа неколку секунди пред тоа што беше претходно планирано.

- Оглас -

Најнови вести