Тргна домино ефектот: Се очекува и Манчестер јунајтед, Барселона и Атлетико Мадрид да се откажат!

Лигата на богатите, односно Суперлигата е на прагот да доживее целосен дебакл, и тоа по нецели 48 часа откако беше промовирана. Затворената лига која ја формираа 12 европски влијателни клубови треба да биде ново елитно натпреварување и да го преземе приматот од Лигата на шампионите.

Во неделата доцна вечерта, челниците на Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Милан, Интер, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи, Тотенхем и Манчестер сити, потпишаа договор за формирање на лигата. По промоцијата на Суперлигата, следуваа жестоки реакции од навивачи од целиот свет, од поранешни и сегашни фудбалери, тренери и аналитичари, кои дадоа „црвен картон“ за оваа идеја за приватна лига на богатите.

По жестоките реакции, први на притисокот потклекнаа од Челзи. Пред еден час стигна најава дека челниците на лондонскиот тим ќе се повлечат од Суперлигата.

Веднаш потоа истите информации пристигнаа и за Манчестер сити, додека најновата вест е дека спортскиот директор на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард, поднел оставка од функцијата.

Од Шпанија пристигнуваат информации дека од Барселона и Атлетико Мадрид најавиле дека ќе мораат да се консултираат со навивачите околу одлуката за тоа дали да бидат дел од Суперлигата, која беше промовирана пред неполни два дена, а веќе и се заканува дебакл и пропаст.

„Барселона нема да се приклучи на Суперлигата сè додека тоа не го изгласаат нашите навивачи. Ова е нивен клуб, па нивна ќе биде и одлуката“, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

 

- Оглас -

Најнови вести