Тројца адути на Барса се враќаат за битката што не смее да се загуби

Серж Бархуан барем малку може да здивне пред дебито во Лигата на шампионите како тренер на Барселона, утре против Динамо Киев, откако на тренинзите се вратија тројца важни играчи.

Ансу Фати, Френки де Јонг и Сержи Роберто им се приклучија на соиграчите за мечот што утре во Лигата на шампионите ќе се игра на „Олимпискиот стадион“ во Киев, а Барса не смее да го загуби ако сака да остане во игра за пласман во нокаут-фазата.

Двете екипи играа во минатото коло од Е групата и Барса конечно ја забележа првата победа во третиот меч, откако славеше со 1:0 против Динамо.

На тој меч играа сите тројца, Фати и Де Јонг како стартери, кои подоцна беа заменети, а Роберто како резерва, со настап во второто полувреме.

Моментно пред стартот на четвртото коло во Ф групата лидер е Баерн со 9 бода, пред Бенфика со 4, Барселона со 3 и Динамо Киев само со еден бод, па јасно е дека утрешниот меч е исклучително значаен за двете екипи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести