Ерлинг Халанд ќе биде една од најголемите ѕвезди во наредниот летен преоден рок.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд со своите одлични настапи го сврте вниманието на европските гиганти, а во последните неколку недели се откри дека неговиот агент Мино Рајола имал состаноци со раководствата на три европски гиганти.
Станува збор за Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити, а интересно е што сите овие средби се одржале во период од неколку дена во Монте Карло.
Некои информации воедно велат дека и Реал Мадрид е во „трката“ за Норвежанецот и посакува од наредното лето да го има во своите редови заедно со Килијан Мбапе.