Три холандски легенди завршија со играњето, но Лалињата имаат три нови ѕвезди

Холандскиот фудбал во оваа година остана без три икони, по Робин ван Перси и Арјен Робен, крај на кариерата реши да стави и 35-годишниот Весли Снајдер.

Овие три легенди кои повеќе од една деценија играа за националниот тим и во некои од најголемите европски клубови веќе нема да ги гледаме на зелениот терен. Последен клуб на Снајдер му беше катарски Ал-Гарафа, а сега ќе биде дел од управата на Утрехт. Ван Перси се повлече како играч на Феенорд, а Робен во дресот на Баерн.

Но ова не значи дека смената на генерации за Лалињата ќе биде толку трагична.

Холандија исто така годинава промовираше и три млади ѕвезди кои играа заедно за Ајакс и долго ќе бидат клучни алки во репрезентацијата. Тоа се. Матајс де Лихт, кој сега е во Јувентус, Френки де Јонг, кој е член на Барселона, и Дони Ван де Бек, за кого се зборува дека до крајот на неделава (можеби вечерва против ПАОК ќе го одигра последниот меч за клубот од Амстердам) може да потпише за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести