Три меча со комбинации кои се одлични и заедно носат двоцифрен коефициент

Денешните три пара во Квоти на денот носат интересни игри и вкупен коефициент од 10.58 доколку сите три понуди се одиграат на еден тикет.

Хајдук Сплит треба да го потврди пласманот во плејофот од Конференциската лига против Гимараиш, но сигурно дека португалскиот тим нема лесно да се предаде. Првата средба на „Пољуд“ заврши 3:1 во корист на домаќините, па и сега се очекуваат погодоци. Затоа добра е играта дека ќе има 1-3 гола во прво и 1-3 погодоци во второ полувреме, што носи коефициент од 2.10.

Во Лига купот на Англија, Шефилд вензди е домаќин на Сандерленд и тука домаќинот не би требало да загуби во меч на кој ќе има меѓу два и пет погодоци. За 1Х&2-5 коефициентот е 2.10.

Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт ќе играат во борба за трофејот во Супер купот на УЕФА. Кралевите како актуелни освојувачи во Лигата на шампионите се големи фаворити. Ајнтрахт пред неколку дена доби нокаут од Барен со 6:1, па реално и сега нема многу што да бара во дуелот со европскиот првак. За 1-1&2+ коефициентот е одличен и изнесува 2.40.

- Оглас -

Најнови вести