Тричковски даде нови два гола, заврши како втор стрелец на Кипар (Видео)

АЕК Ларнака на гости го победи Анортозис со 2-0, а двоен стрелец беше нашиот интернационалец Иван Тричковски, кој е и капитен на АЕК. Со двата денешни погодоци, Тричко дојде до бројка од 16 и се искачи на второто место на листата на стрелци во Кипар. „Златната копачка“ оди кај Николас Дињини кој даде еден гол повеќе од Македонецот.

АЕК за кој игра и Стефан Спировски, а до неодамна член беше и Даниел Мојсов, сезонава ја заврши на петто место.

Ова е голот на Тричковски за водство на АЕК од 1-0, додека вториот беше од пенал:

- Оглас -

Најнови вести