Тричковски, Алиоски и Ракип можат да бидат ривали во Лигата на Европа

Иван Тричковски, Езџан Алиоски и Ердал Ракип ќе играат со АЕК Ларнака, односно со Фенербахче и Малме во фазата по групи во Лигата на Европа и можат дури и да бидат ривали зависно од ждрепката со која ќе се одреди и составот на групите.

Иван Тричковски, поранешниот репрезентативец на Македонија, не играше вечерва во реванш-мечот што АЕК го доби убедливо со 3:0 против Дњипро-1 и на убедлив начин со вкупен резултат од 5:1 си обезбеди настап во фазата по групи во Лигата на Европа.

Алиоски, кој е актуелен репрезентативец на Македонија, комплетно го одигра реваншот со Австрија Виена и се радуваше на нова победа вечерва во Истанбул од 4:1.

Со вкупен  резултат од 6:1, турскиот гигант се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа.

И Ердал Ракип, кој е актуелен наш репрезентативец, со Малме ќе игра во Лигата на Европа. Вечерва го победија Сиваспор со 2:0 на гости и со вкупен резултат од 5:1 се пласираа во фазата по групи.

Таму ќе играат и Лудогорец, Силкеборг и Омонија од досега завршените реванш-натпревари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести