Тричковски почна да му дава голови и на АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски сезонава е расположен за постигнување голови во кипарското првенство, а денеска за негова несреќа ја затресе мрежата и на неговиот тим АЕК Ларнака. Ретко кој сезонава се спаси од Тричко, па редот му дојде и на голманот на АЕК.

Пред една недела, Тричковски со два гола го потопи Анортозис и придонесе за победа од 2-1, а денеска на почетокот на суперлигата, во 5 минута против истиот противник, Тричковски го изненади својот голман по една нафрлена топка, кога наместо како дефанзивец, Македонецот реагираше како напаѓач, па Анортозис поведе со 1-0. Иван сезонава има 20 гола, и убедливо е прв стрелец на Кипар.

- Оглас -

Најнови вести