Трилинг победи на водечките екипи во Бундеслигата

Победи на водечкиот трилинг екипи во Бундеслигата очекува тренерот на Вардар и поранешен фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт. И прогнозира дека популарните „орли“ за кои настапуваше во минатото повторно ќе одиграат ефикасен меч, како во добриот дел од мечевите сезонава, денеска против Лајпциг.

 

Борусија Дортмунд – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Ова се две многу ефикасни екипи, кои играат напаѓачки фудбал. Борусија има многу реални шанси да ја освои титулата, игра одлично на домашен терен, што го потврдува и билансот од девет победи и само едно реми.

Очекувам нов ефикасен меч и нови бодови за популарните „милионери“. Хофенхајм дава и прима многу голови, но денеска нема шанси за подвиг во Дортмунд.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.20)

 

Хановер – Нирбнерг (Сабота, 15.30 часот)

Ова ќе биде клучен натпревар за двете екипи во битката за опстанок. И Хановер и Нирнберг освоија малку бодови сезонава во Бундеслигата, се наоѓаат на последните две места, а победникот ќе има некаква шанса да се надева на опстанок. Мислам дека домаќините ќе ја искористат шансата. Очекувам напаѓачите на Хановер најмалку двапати да ја затресат мрежата на најслабиот гостин во Германија.

Предлог тип: Т1 2+ (2.28)

 

Борусија Менхенгладбах – Херта (Сабота, 15.30 часот)

На „Борусија Парк“ ќе продолжи страшната доминација на домашниот тим. Биланс од девет победи на исто толку натпревари во лига со квалитет на германската е за респект.

Херта игра солидно сезонава, има добри резултати и како гостин, но има многу лоша традиција против Борусија. Последен пат тимот од Берлин освоил три бода во Менхегладбах во 2008 година, што покажува дека „Борусија Парк“ за нив е прецврст бедем и не верувам дека и овојпат ќе го минат победнички.

Предлог тип: 1&3+ (2.50)

 

Лајпциг – Ајнтрахт Франкфурт (Сабота, 15.30 часот)

Ова е уште еден дуел во ова коло на две екипи што мислат само на офанзива. И Лајпциг и Ајнтрахт играат за гол повеќе во противничката мрежа и тука за похрабрите прогнозери би типувал 4+.

Во меѓусебните мечеви се тука некаде со израмнет биланс, па головите се вистинскиот тип за новиот меч меѓу Лајпциг и Ајнтрахт.

Предлог тип: 4+ (2.40)

 

Баерн Минхен – Шалке 04 (Сабота, 18.30 часот)

Шампионот не игра на очекуваното ниво, веќе има негатива од 7 бодови во однос на лидерот Борусија Дортмунд и ако сака да ги зачува шансите за одбрана на титулата мора да го победи Шалке 04. За среќа на Баварците им доаѓа тим кој игра скромно сезонава во Бундеслигата, а има и катастрофална серија од 18 меча без победа против Баерн.

Тоа е една од најдолгите серии без победа во Германија, а според квалитетот на екипите очекувам таа да продолжи и денеска.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.12)

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести