18.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Триото МСН повторно заедно, овојпат во Интер Мајами?

Интер Мајами ја разгледува можноста за потпишување на договор со Нејмар во текот на следниот преоден рок и повторно обединување на Бразилецот со Лионел Меси и Луис Суарез со кои играше заедно во Барселона и ја освоија Лигата на шампионите во 2015 година.

Американскиот клуб има можност да го доведе Нејмар кога неговиот шестмесечен договор со Сантос ќе истече во декември.

Нејмар со Меси и Суарез, помеѓу 2014 и 2017 година играа заедно во Барса и го формираа едно од најсмртоносните напаѓачки триа во современиот фудбал. Во текот на заедничкиот период триото „МСН“ постигна вкупно 364 гола и имаше 173 асистенции.

Интер Мајами работи на продолжување на договорите на Меси и Суарез, а го гледа Нејмар како потенцијален спортски и маркетиншки потег, особено во годината на Светското првенство. И претставниците на Нејмар веруваат дека трансферот во МЛС лигата би можел да биде привлечен чекор за него во оваа фаза од кариерата.

- Оглас -

Најнови вести