7.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Триумф на чаирчани на одложениот меч во Куманово

Кошаркарите на Чаир 2030 славеа на гостувањето во Куманово со 76-71, а иако конечниот исход е изненадувачки, победата е заслужена бидејќи чаирчани водеа во поголем дел од средбата.

Во последната минита при 70-70, Мухамед Тачи погоди тројка која се покажа како клучна. Имаа кумановци уште 44 секунди за да го вратат резултатскиот егал, но Стевановиќ не успеа, а Николиќ направи лична грешка по која Реџа од слободно фрлање покачи на плус 4 со што практично победникот беше решен.

Овој меч требаше да се игра вчера, но беше прекинат во втората минута, поради лизгав паркет во салата во која во февруари ќе се игра завршницата од Купот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести