Триумф на Мик Шумахер со спектакуларно претекнување како на татко му против Монтоја (Видео)

Младиот германски тркач, Мик Шумахер, денеска победи на трката од Формула 2 шампионатот на патеката во Сочи. Мик до победата дојде благодарение на феноменален маневар со кој го претрка дотогашниот лидер Јуки Сунода. Интересно е што многу сличен потег пред околу 20 години имаше и таткото на Мик, славниот Михаел Шумахер.

Мик Шумахер е прв во генералниот пласман, и можеби во следната сезона ќе дебитира во Формула 1, најверојатно како партнер на Кими Раиконен во Алфа Ромео.

Потсетување на едно претекнување на Михаел Шумахер против Хуан Пабло Монтоја од пред дваесетина години, и снимка од денешното претекнување на екстра талентираниот Мик Шумахер. Сличноста е голема:

https://twitter.com/i/status/1309790358067322880

- Оглас -

Најнови вести