Трката за ГН на Јапонија може да се одложи?

Формула 1 возачите се во Јапонија и ги започнаа подготовките за трката на патеката Сузука. Иако нема никакви технички проблеми, трката може да биде одложена, и тоа поради временски непогоди.

Прогнозите се дека в сабота јужниот брег на Јапонија ќе биде погоден од силен ветер, тајфун, а најавени се и обилни врнежи од дожд. Поради најавеното невреме, организаторите размислуваат и за тоа да биде одложена трката, но, сепак, конечната одлука треба да биде донесена утре, кога ќе се знаат повеќе информации за времето во претстојниот викенд.

„Правиме големи напори за тоа промените во распоредот да ги сведеме на минимум. Наш приоритет е безбедноста како на натпреварувачите така и на сите во тимовите, но и на гледачите“, стои во соопштението на челниците на Формула 1.

Поради невремето веќе се откажани два меча од Светското првенство во рагби. Најавите се дека овој тајфун ќе биде најсилниот што ја зафатил Јапонија во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести