Тројца Езерџии направија нешто невидено и влегоа во книгата на рекорди

Лос Анџелес лејкерс победи на гостувањето кај Мемфис гризлис со 134-127 во меч кој влезе во книгата на рекорди на НБА лигата.

Остин Ривс, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс станаа првото трио во историјата на НБА кое на еден ист меч имале барем 25 поени, по пет скока и асистенции, и две погодени тројки. Ривс заврши со 31 поен, 7 скока и 8 асистенции, Словенецот придонесе со 29 поени, 8 скока и 9 асистенции, а Џејмс уфрли 25 поени, со кои стигна до бројка од 42.000 поени во кариерата, во средби од регуларна сезона. Притоа Кралот имаше и 6 скока и 8 асистенции.

Филаделфија загуби дома од Мајами со 95-118 и за првпат по 2017 година, 76-ките нема да играат во плејофот.

Синоќа победија фаворитите Оклахома сити и Бостон, тимови кои ги зголемија своите победнички низи на 9 односно осум триумфи по ред. Шај Гилџиус-Александер по 57ми пат сезонава даде над 30 поени. Победи и Далас, а за Клеј Томпсон ова е десетта сезона во кариерата во која дава 200 или повеќе тројки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести