Тројца германски репрезентативци ги одбија милионите од Саудиска Арабија

Тројца германски репрезентативци ги одбија богатите понуди да се преселат во Саудиска Арабија, тоа се: Марио Геце, Томас Милер и Тони Крос.

Иако се наоѓаат на залез на своите кариери, Геце, Милер и Крос не ги прифатија понудите на Ал-Хилал, Ал-Наср и Ал-Итихад.

Крос порача дека сака да одигра уште една сезона во Реал Мадрид и потоа да се пензионира.

Пензија е и во мислите на Милер, но тој сака да се повлече како фудбалер на Баерн Минхен, тимот во којшто ја помина целата кариера, додека Геце смета дека со 31 година има уште неколку сезони на врвно ниво во Европа и дека е премлад за преселба во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести