Тројца македонски репрезентативци во Лигата на Европа, најтешка задача за Велковски

Елиф Елмас, Аријан Адеми и Дарко Велковски се тројцата македонски претставници во групната фаза од Лигата на Европа, натпреварување кое почнува денеска. Тимовите на тројцата наши репрезентативци во првото коло имаат многу непријатни ривали.

Елмас, кој уште е позитивен на корона-вирус, нема да игра вечерва за Наполи против АЗ Алкмар. Наполитанците играат многу ефикасно во последнои време, особено дома, и тоа е убава најава пред мечот со АЗ Алкмар.

Холандски ривал има и Динамо Загреб, чиј капитен е Адеми. Според квотите во Sport Life, Динамо е благ фаворит против Феенорд, но јасно е дека и Модрите нема да имаат лесна задача.

Велковски со Риека игра дома со Реал Сосиедад и хрватскиот тим е аутсајдер, но тоа не значи дека однапред ќе му се предадат на фаворитот. Велковски по настапите во националниот тим, со право очекува да заигра против тимот кој во моментов е лидер на табелата во шпанската лига.

- Оглас -

Најнови вести