Цедевита Олимпија го врати ударот, Партизан пак ќе игра мајсторка

Цедевита Олимпија го победи Партизан и изедначи на 1-1 во полуфиналето на плејофот во АБА-лигата, па мајсторка на 6 јуни во Белград ќе решава кој ќе биде ривалот на Црвена ѕвезда во финалето.

По победата на Црно-белите од 85-70 на првиот меч, вечерва во Љубљана домашните триумфираа прилично лесно со 95-83.

Јоги Ферел беше најдобар кај победниците со 21 поен, 8 скока и седум асистенции, а кај Партизан, Кевин Пантер уфрли 24 поени. Повторно Партизан потфрли во скокот и беше убедливо натскокан. Цедевита Олимпија имаше 16 скока повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести