Цели 20 години не се случило вакво чудо за Реал Мадрид и Барселона

Барселона и Реал Мадрид денеска загубија, нешто што ретко се случува во еден ден во шпанското првенство. Тоа што е уште поретко е дека двата најтрофејни шпански тима загубија без да дадат ниту еден гол. Реал на свој терен беше поразен од Кадис со 0:1, додека каталонскиот гигант загуби во мадридското предградје од Хетафе со 1:0.

Вакво нешто, пораз на Реал Мадрид и Барселона во исто коло, без да дадат ниту еден гол, се нема случено повеќе од 20 години. Последен пат кога двата гиганти биле поразени во исто коло, а не погодиле било на 6 мај 2000 година. Тогаш, Барселона дома загубила од Рајо Вајекано со 0:2, а Реал во Мадрид загубил од Алавес. Од тогаш, требаше да поминат точно 20 години и 164 денови за да се случи исто такво чудо вечерва.

Уште еден раритет има со денешните два порази на Реал и Барса. За прв пат по април 2003 година, двата тима губат во меч пред да се игра Ел Класико.

Вечното дерби на двата најголеми ривали ќе биде на 24 октомври, а влегуваат со пораз, исто како пред 17 и пол години. Тогаш, Барселона дома загубила од Депортиво Ла Коруња со 2:4, а Реал Мадрид со 4:2 загуби на гостувањето во Сан Себастијан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести