Цели 90 минути дремеа и потоа следуваше шоу на дуелот Ватфорд – Лестер (Видео)

Ватфорд и Лестер ремизираа 1:1 во дуел од 30 коло на Премиер лигата. Двете екипи може да бидат задоволни со освоениот бод, ако се знае дека до 90-тата минута резултатот беше 0:0. Лестер кој се бори за излез во Лигата на шампионите, се израдува на погодок во последната минута од регуларниот дел и се чинеше дека гостите ќе стигнат до трите бода.

Сепак, Ватфорд кој важи за вториот најдобар домаќин во Премиер лигата од декември до сега, не сакаше да се предаде. Во третата минута од судиското надополнување Доусон донесе радост на домашните играчи и го спаси Ватфорд од пораз.

https://twitter.com/i/status/1274332784283262983

- Оглас -

Најнови вести