Претставниците на американскиот олимписки тим беа прилично расположени за време на свечената церемонија за отворањето на Олимписките игри во Токио, а во тунелот е направена шега на сметка на Кевин Дурант.
Имено, пред Американците да се појават на стадионот, кошаркарите го натераа цел тим да му пее „среќен роденден“ на Дурант, а тој се чудеше што се случува. Никој од американските олимпијци не знаеше дека Дурант својот 33-ти родеден ќе го прослави дури на 29 септември.
https://twitter.com/TheAthleticNBA/status/1418607249316999170