Хаос во Реал Мадрид – Две големи ѕвезди исфрлени од првиот тим

Фудбалскиот клуб на Реал Мадрид е во одлична форма ѝ е на чекор од титулата во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите е пред пласман во полуфиналето, но во кошаркарската екипа е целосен хаос.

Според информациите од Шпанија, тренерот на оваа екипа, Пабло Ласо ги избркал од тимот Томас Ертел и Треј Томпкинс, и веќе енма да настапуваат за оваа екипа.

И двајцата се суспендирани поради недисциплина и го одиграа своето за кралскиот клуб. Ертел дојде од Барселона како големо засилување и бележеше во просек околу девет поени во Евролигата и во шпанската АЦБ лига, а неговиот договор ќе биде раскинат.

Додека, пак учинокот на Томпкинс беше околу пет поени по меч, а неговиот договор истекува по крајот на оваа сезона и истиот нема да биде продолжен. Реал Мадрид во регуларниот дел од сезоната во Евролигата е на четврттото место, додека во АЦБ лигата е под број два, зад Барселона.

- Оглас -

Најнови вести